Пет милијарди денари за македонските патишта

Bez autora
Feb 17 2014

Јавното претпријатие за државни патишта со годинашнава програма за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на државните патишта планира да оствари приходи од околу пет милијарди денари (80,7 милиони евра), и тоа најмногу од тие пари ќе бидат добиени од делот од акцизата што се наплатува за секој продаден литар нафтен дериват. Од оваа ставка се планирани во буџетот да се влеат 2,1 милијарди денари (34,1 милиони евра). Потоа 1,69 милијарди денари (27,5 милиони евра) се очекува да се соберат од надоместот за употреба на јавен пат (патарините). Од патната такса што се плаќа при регистрација на возилата се очекува прилив од 1,35 милијарди денари (22 милиони евра), но овие пари во целост нема да бидат искористени само од ЈП за државни патишта. Имено, откако ќе се одбијат 50 милиони денари кои ќе им бидат вратени на имателите на моторни возила кои со своето возило одреден период поминале надвор од РМ, како и 300 милиони денари кои ќе им бидат распределени на градот Скопје и на другите општини за општинските патишта и улици и 25 милиони денари што се наменети за станиците на технички преглед на возила, тогаш на ЈП за државни патишта по овој основ ќе му останат само 975 милиони денари (15,8 милиони евра).

Пет милијарди денари за македонските патиштаЈавното претпријатие за државни патишта со годинашнава програма за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на државните патишта планира да оствари приходи од околу пет милијарди денари (80,7 милиони евра), и тоа најмногу од тие пари ќе бидат добиени од делот од акцизата што се наплатува за секој продаден литар нафтен дериват.

Од оваа ставка се планирани во буџетот да се влеат 2,1 милијарди денари (34,1 милиони евра). Потоа 1,69 милијарди денари (27,5 милиони евра) се очекува да се соберат од надоместот за употреба на јавен пат (патарините). Од патната такса што се плаќа при регистрација на возилата се очекува прилив од 1,35 милијарди денари (22 милиони евра), но овие пари во целост нема да бидат искористени само од ЈП за државни патишта. Имено, откако ќе се одбијат 50 милиони денари кои ќе им бидат вратени на имателите на моторни возила кои со своето возило одреден период поминале надвор од РМ, како и 300 милиони денари кои ќе им бидат распределени на градот Скопје и на другите општини за општинските патишта и улици и 25 милиони денари што се наменети за станиците на технички преглед на возила, тогаш на ЈП за државни патишта по овој основ ќе му останат само 975 милиони денари (15,8 милиони евра). 

ЈП очекува да обезбеди и уште 200 милиони денари (3,2 милиони евра), и тоа 180 милиони денари од разни надоместоци што се плаќаат на магистралните и на регионалните патишта и 20 милиони денари приход што ќе се оствари од кредити што се земени од Европската инвестициска банка за техничка помош при имплементација на патни проекти долж Коридорот 10. Од речиси петте милијарди денари, над 2,72 милијарди денари (44,25 милиони евра) се расходите што планира ЈП да ги има во текот на оваа година. За амортизација на сите градежни објекти, постројки, опрема, алат, софтвери, како и патиштата за оваа година се планирани 1,5 милијарди денари (24,4 милиони евра), што е најголем трошок. Главниот акцент и оваа година ќе биде ставен на инвестициите од странски кредити во патната инфраструктура, за што се предвидени вкупно 6,87 милијарди денари (111,7 милиони евра), од кои ќе бидат финансирани проекти за подобрување на регионалната и на локалната патна мрежа во износ од 600 милиони денари (околу 10 милиони евра) што ќе ги земеме од Светска банка, потоа од Европската банка за обнова и развој се предвидени 1,25 милијарди денари, од кои една милијарда за проектот за подобрување на регионалната и на општинската патна мрежа, а 250 милиони денари за проектот за електронскиот систем за наплата на патарини. Дваесет милиони денари се предвидени од кредит од Европската инвестициска банка за консултантски услуги за доизградба на делницата Демир Капија - Смоквица, а пет милијарди денари се средства обезбедени од кредит од Ексим банката за изградба на делниците Миладиновци - Штип и Кичево - Охрид. 

Во врска со проектот за локални патишта финансиран од Светска банка, за оваа година се планира да се објави еден тендер во кој ќе бидат вклучени околу 50 локални патишта, со вкупна должина од околу 100 километри и со проценета вредност од околу 6,5 милиони евра. Преку проектот за регионални локални патишта финансиран од ЕБОР планирана е реконструкција и рехабилитација на делницата Велес - Кадрифаково Фаза 2, потоа Велес - Лозово, каде што во тек е тендерската постапка за избор на изведувач и делницата Лозово - Сарамзалино Кадрифаково, каде што се планира набавка во првиот квартал на оваа година. Исто така, се планира да се изградат експресните патни делници: Охрид - Пештани, Градско - Прилеп, Штип - Кочани и Ранковце - Крива Паланка, потоа магистралниот пат Битола - Ресен - Буково. Од регионалните патни правци се планира изградба на: спој со А4 - Ново Село, Маврово - Жировница - Дебар, Пробиштип ски-центар Пониква, Тораница - Саса (Крива Паланка - Кременица), Гардски Мост - Извор, Тетово - Брвеница - Чегране - Гостивар, Мелнички Мост - Центар Жупа, Лажани - Ропотово - Црнилиште, Старо Коњарево - Ново Коњарево, Нов Дојран - Николиќ, Делчево - Голак, Кривогаштани - Обршани - Воѓани и патот Мокрино - Смолари, како и изградба на автопат на делницата Подмолје - Струга. 

За сопствено учество на ЈП во инвестиции со странски кредити предвидени се 892 милиони денари (14,5 милиони евра). Овие средства го покриваат учеството од 10 проценти за делниците Миладиновци - Штип и Кичево - Охрид, како и данокот на додадена вредност за горенаведените проекти. 

За инвестиции со сопствени средства предвидени се 698 милиони денари (11,3 милиони евра), кои ќе се искористат за продолжување на започнатите градежни работи, исплата на пренесени обврски од минатата година и исплата за завршни работи и депозити за добро извршени работи во гарантниот период, како и за тековни трошоци за изградба и рехабилитација на следните патни делници: Извор - Бошков Мост, Сончев Град, Опае - Белановце - Станчиќ, изградба на клучка кај Брвеница, изградба на делницата Липково - Никуштак - Арачиново, поставување вертикална и хоризонтална сигнализација, сигнализација на наплатни станици, свлечишта, рехабилитација за мостови и тунели, како и осветлување на клучки на државните патишта. Во оваа ставка се предвидени и средства за завршни работи на патот Штип - Струмица, за клучка на обиколницата на Скопје, за рехабилитација на патниот правец Тетово - Јажинце, за изградба на надвозник на патот А1 - граница со Република Грција, и за други обврски. 

Исто така, за инвестициско одржување во согласно со договорот со ЈП "Македонијапат" предвидени се 170 милиони денари, а 488 милиони денари ќе бидат потрошени за изработка на физибилити студии, инфраструктурни проекти, студии за животна средина за нови проекти што допрва треба да се реализираат: делница Гарски Мост - Извор, делница Ранковце - Крива Паланка, додека за експропријација на земјиштето за делниците што се планираат за изградба во текот на 2014 година се планирани 200 милиони денари. Исто така, ЈП за државни патишта ќе инвестира два милиони денари за набавка на компјутерска и видеоопрема за својата административна зграда, но и за патарините, како и нови дисплеи за наплатните станици. 

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik